Пет клучни совети за подобро здравје

Иако понекогаш делува дека треба да вложите многу средства и време за нешто да направите за вашето здравје, во пракса може да биде и поедноставно. Затоа, прочитајте неколку едноставни совети што може да направите за да бидете поздрави.

Седете помалку

Физичката активност не само што помага да бидете послаби, туку го намалува ризикот од рак на дебелото црево, ракот на грлото на матката и дојките. Научниците ова го образложуваат со влијанието на физичката активност врз хормоните. Освен ова, постојат докази и дека физичката активност е добра и за менталното здравје. Било која физичка активност е добра. Трудете се да сте што помалку во состојба на мирување. Не мора да вежбате во теретана. Шетајте, возете велосипед, пливајте…

Јадете повеќе овошје и зеленчук

Стручњаците уште не можат да се договорат дали за здравјето е подобро да сте вегетаријанец или не, но согласни се за една работа – овошјето и зеленчукот имаат навистина добро влијание на здравјето.

Последниве години сè повеќе се збори за влијанието на полифенолите и флаваноидите – фитохемикалии кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот, а кои помагаат во спречувањето на развојот на болестите и поттикнуваат нормално функционирање на организмот. Се смета и дека имаат добро влијание врз имунитетот и имаат антивоспалителни својства.

Спијте повеќе

Истражувањата кои ги имаат анализирано бројот на часови кои ги поминуваме во спиење врз влијанието на здравјето, покажуваат дека премногу сон влијае подеднакво лошо како и премалку сон – го зголемуваат ризикот од болести на срцето, дијабетес и прекумерна тежина. На здравите возрасни луѓе им се препорачува да спијат помеѓу седум и девет часа во текот на ноќта.

Истражувањата покажуваат дека недостатокот на сон може да влијае и на одлуките за исхраната кои ги донесуваме, доведувајќи до тоа да ви се јаде покалорична храна, па поради ненаспаност да внесувате и до 400 калории дневно повеќе.

Научете како да се изборите со стресот

Модерниот начин на живот носи и секојдневна изложеност на стрес, а ова има ужасно влијание на нашето здравје. Затоа, важно е да научите како да се изборите со стресот – вежбајте, медитирајте, практикувајте јога, слушајте музика, читајте, а доколку ви е потребно – и исплачете се.

Пијте повеќе вода

Дали сте знаеле дека доколку сте дехидрирани само еден процент, ова влијае на вашата способност да се концентрирате? Сите знаеме колку водата е битна за нашиот организам, но понекогаш се случува покрај сите обврски да заборавиме да внесеме доволно вода. Ова ги намалува нашите ментални споособности и го зголемува стресот.

Повремено обрнете време и на вашата урина, бидејќи таа може да ви открие дали сте на пат кон дехидрација – доколку е темна, ви треба вода.

Овие навики се толку едноставни што можете да почнете да ги практикувате уште од денес за да го подобрите вашето здравје. Доколку и ова ви се чини премногу, почнете да воведувате по една од овие навики секоја недела и лесно ќе се прилагодите.

Треба да знаете
Последни објави