Ситуацијата во Донбас мора да ја решат самите Украинци бидејќи Москва не е страна во конфликтот на југоисточниот дел на Украина, изјави рускиот претседателски портпарол Дмитриј Песков, пренесува ТАСС .
На овој начин тој одговори на забелешката на украинскиот претседателски кандидат Владимир Зеленски дека во случај да победи, тој ќе стори сé за да постигне ефективен прекин на огнот во Донбас и за тоа директно ќе контактира со руското раководство.
„Рускиот претседател Владимир Путин повеќе пати изјави дека за решавање на конфликтот во Донбас најважното нешто не е дијалог со Москва бидејќи Москва не е страна во овој конфликт. Тоа е внатрешен конфликт на Украина и Украинците треба и можат да го решат ако разговараат меѓусебно “, рече Песков.