Тевдовски:Нашите приоритети се транспарентно, отчетно и ефикасно управување со јавните средства

Би сакал да ви посакам добредојде во нашата убава земја. Ни причинува огромно задоволство што имаме можност да бидеме домаќини на преку 70 претставници од единиците за хармонизација на јавната внатрешна финансиска контрола од 20 земји од светот. Имаме гости од Јужна Америка, Африка, од земјите од поранешен СССР, Западна Европа, како и од нашето соседство, од Балканот. За вас овие неколку дена се одлична можност да размените искуства, да остварите контакти и да се поврзете со колегите од други земја. За нас е одлична можност да се покажеме како добри домаќини и да ви ги покажаме убавините на нашата земја- вели Министерот за финасии Драган Тевдовски .

-Оваа конференција доаѓа во вистинско време за нас. Изминатите две години напорно работевме на реформирање и подобрување на системот на јавни финансии, вклучително и на јавната финансиска контрола. Така да моите колеги ќе можат да споделат повеќе новини со вас следните неколку дена.

Нашите приоритети се транспарентно, отчетно и ефикасно управување со јавните средства. Внатрешната контрола има значајна улога во ова. Неодамна Владата на Република Северна Македонија го усвои документот „Политика за внатрешна финансика контрола во јавниот сектор“, која претставува стратегија за понатамошен развој на системот за внатрешна контрола во јавниот сектор во државава. Ние сме прва земја во регионот која има изработено ваква стратегија. Во неа ја дефинираме рамката на современиот, ефикасен и ефективен систем за финансико управување и контрола, внатрешна ревизија, централна координација и хармонизација и финансика инспекција во јавниот сектор. Исто така во стратегијата предвидовме решенија кои ќе превенираат одредени проблеми кои постоеа во минатото, како:

– Наследивме проблем со заостанати скриени обврски кај институциите, фондовите. Затоа во стратегијата предвидуваме дополнителни механизми кои ќе го спречат тоа во иднина,

– Стратегијата придонесува и во зајакнување на превенирањето на измама и корупција во спроведувањето на јавните набавки.

– Финансиската инспекција ја затекнавме слабо екипирана и со мал капацитет. Преку имплементација на мерките на оваа стратегијата ќе се воспостави функционална финансиска инспекција во јавниот сектор, при што Владата ќе има  дополнителна  гаранција  за  легитимно  и  транспарентно  трошење  на  јавните средства.

Следните денови очекуваме плодна дискусија. Имаме предвидено интересна програма, како во официјалниот дел, така и во друштвената програма. Се надевам дека ќе уживате во Скопје и содржините кои има да ги понуди. Голема благодарност и до организаторот ПЕМПАЛ.

Ве оставам во добро расположение. Со оглед на тоа колку контролори има во просторијава, верувам дека се ќе биде под контрола- вели Тевдовски

 

Треба да знаете
Последни објави