Ракитиќ и Кутињо го напуштаат „Камп Ноу“ поради двајца фудбалери

Целта на управата на Барселона е со продажба на неколкумина играчи во летниот преоден рок, да обезбедат 300 милиони евра, сума која ќе биде искористена за нови засилувања.

Целта на Барселона е на „Камп Ноу“ да го доведат дефанзивецот на Ајакс, Матијс Де Лихт, но и напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ.

Планот на Барселона е потребните пари за доведувањето на овие двајца играчи да бидат обезбедени од продажбата на Самуел Умтити, Иван Ракитиќ и Филипе Кутињо. Наводно од управата на Барселона донеле одлука да го подмладат тимот, а за почеток беше ангажиран Френки Де Јонг од Ајакс во јануарскиот преоден рок.

Инаку, Барселона во последните две години на нови играчи потроши повеќе од 400 милиони евра. Покрај Кутињо, кој пристигна како најголема ѕвезда, во Барселона пристигнаа и Усман Дембеле, Артуро Видал, Артуро Мело, Нелсон Семедо и Малком.

Треба да знаете
Последни објави