Икарди постигна гол против Џенова, водичот на Курва Норд им нареди на фановите да не го слават

Лучијано Спалети го погази својот збор и го врати Мауро Икарди во тимот, а тоа посебно ги налути најверните тифози на Интер кој излегоа со официјално соопштение со кое јасно ставија до знаење дека тие повеќе не го сметаат Аргентинецот за дел од тимот.

Курва Норд најави дека Икарди во иднина ќе добива пеколен третман од страна на навивачите, а првата ваква епизода ја видовме синоќа во Џенова. Икарди беше стрелец на голот од пенал пред крајот на првото полувреме, а водичот на Курва Норд им ги опомена навивачите и им нареди да не го прославуваат погодокот на аргентинскиот напаѓач.

Треба да знаете
Последни објави