Валверде: Нема идеален момент за одмор на Меси

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, разговараше со медиумите во пресрет на натпреварот со Виљареал во 30. коло од Ла Лига.

Мечот на „Де Ла Серамика” е утре од 21:30 часот.

Пред стартот на вонредното коло, Каталонците се лидери на табелата со 10 поени предност пред вториот Атлетико, а Виљареал е во зоната на испаѓање.

„Дали е ова идеален меч за да го одморам Лионел Меси? Никогаш не постои совршено сценарио, во кое тој не игра. Средбата е важна за нас, изјави тренерот на Барса.

Треба да знаете
Последни објави