Skip to main content
Македонија

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

21/10/2026  16:24

Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата поднесена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) за оценување на уставноста на Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција.

Како што соопшти Судот, иницијативата е отфрлена затоа што оспорената резолуција не содржи правни норми што би можеле да бидат предмет на уставно-судска контрола, туку исклучиво декларации од политички карактер кои не уредуваат општествени односи.

Според оценката на уставните судии, Резолуцијата не претставува акт што може да биде предмет на оценување на уставноста и законитоста. Поради тоа, Судот утврдил дека не е надлежен да одлучува по поднесената иницијатива, повикувајќи се на член 38 алинеја 1 од Актот на Уставниот суд.