Скромно: Брајант се постави пред Џордан и ЛеБрон (видео)

Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант даде одговор на вечното прашање кој е најдобар помеѓу него, Мајкл Џордан и Леброн Џејмс. Според Брајант, тој е најдобриот од тројцата.

Четириесет-годишниот поранешен кошаркар гостуваше на шоуто кaј Џејмс Корден и беше изведен пред предизвик – да изеде кравешки јазик или да се рангира себе, Џордан и Џејмс, почнувајќи од најдобриот и да заврши со најслабиот.

Првично Брајант одби да даде оценка и рече дека ќе земе голем залак од јазикот, но го смени мислењето, откако ја мирисна храната во чинијата.

– Знам дека сите ќе дебатираат за она што ќе кажам, но меѓу тројцата, јас сум најдобар. Мајкл е втор, Леброн е трет, изјави Брајант под турбулентниот аплауз на публиката во салата.

Треба да знаете
Последни објави