Според резултатите од истражување спроведено од онлајн сајт за состаноци во САД, сексуалната самодоверба кај жените го достигнува врвот во раните триесетти години. За тоа постојат многу причини, а ова се најинтересните од нив.
Жените во раните триесетти години ја освоија титулата за најпосакувани во кревет и тоа од неколку причини.
1. Сексот за нив е уживање, а не докажување
Жените полесно формираат врски и полесно се опуштаат во текот на односот. Колку еден пар е подолго време заедно, толку подобро функционира во кревет. Сексот за жените во 30-тите години веќе не е докажување, туку уживање.
2. Долги врски
Жените во триесеттите години влегуваат во долгогодишни врски, вклучувајќи и бракови. Ова исто така влијае на нивната самодоверба, со оглед на тоа дека на потсвесно ниво примаат порака дека некој со нив е навистина подготвен со да го мине животот.
3. Поинтересни се за мажите
Жените во 20-тите години ги заведуваат мажите со физичкиот изглед. Но, како што минува времето, доаѓаат и професионалните и личните успеси поради кои жените стануваат попривлечни. Во 30-тите години не играат веќе само на картата на физичкиот изглед, туку и на развиениот интелект. Похрабри се и посамоуверени и затоа им се поинтересни на мажите.
4. Сексуална енергија
Просечна жена во триесеттите години веројатно веќе променила неколку сексуални партнери и се запознала со нивните навики и желби. Таа веќе знае што ја задоволува и не ѝ непријатно тоа да го бара во текот на сексот. Исто така, ги цени своите љубовни вештини и сака да ги користи.
5. Прифаќање на сопственото тело
Жените во триесеттите години се свесни за своите достигнувања и квалитети и полесно се помируваат со физичките недостатоци. Повеќето од нив добро се чувствуваат во сопствената кожа и не се споредуваат со манекенки и моментални трендови за убавина.