
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на улицата „Беласица“ во Скопје, во близина на трговскиот центар East Gate.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 20 октомври, околу 20:50 часот, кај крстосницата со улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“, во правец кон East Gate.
Во судирот учествувале автомобил „мерцедес“, управуван од 37-годишниот М.П. од Скопје, и „ауди“, управувано од 21-годишниот О.Ц., исто така од Скопје.
Во несреќата телесни повреди добиле двајцата возачи и еден сопатник.
На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Скопје.



