Search

Кривична пријава за кавадарчанец кој тргувал со оружје

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против И.С.(37) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. На 20.09.2018 во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во станот во кој престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле пиштол ,, PSM” калибар 5,45х18 мм и 17  куршуми калибар 5,45х18 мм, кои ги поседувал без соодветна дозвола.

Треба да знаете
Последни објави