
Маж е повреден во раката откако непознато лице пукало кон него со огнено оружје во близина на маркет во скопското село Сарај. Инцидентот се случил вчераутро, додека оштетениот се наоѓал во патничко возило „фолксваген туран“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 18 октомври 2026 година, во 09:50 часот, во СВР Скопје.
„На 18.10.2026 во 09:50 часот во СВР Скопје М.И. пријави дека околу 09:30 часот во близина на маркет во село Сарај, додека бил со патничко возило ‘туран’, кон него било пукано од огнено оружје од страна на едно лице“, информираат од МВР.
Веднаш по пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот и извршиле увид, при што биле пронајдени четири чаури од пиштолска муниција.
При пукањето бил оштетен прозорецот на автомобилот, а М.И. се здобил со повреда на раката од оштетеното стакло. За случајот била известена и екипа на Итната медицинска помош.
Засега нема информации за идентитетот на напаѓачот, ниту за мотивите за вооружениот напад.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
