
На 17.10.2026 околу 06:05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Куманово-Липково, во село Оризари, Општина Липково, се случила сообраќајна незгода каде патничко моторно возило „бмв” со кумановски регистарски ознаки управувано од А.Р. (35) од село Липково удрило во пешакот Д.Д. ( 67) од село Оризари.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Д.Д. и истиот бил пренесен во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје. Увид извршила екипа од СВР Куманово.


