Skip to main content
Скопје

Без вода денеска корисниците на улицата Столтенбергова и потегот до „Маракана“

17/10/2026  13:13

Поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата Столтенбергова бр. 2, денеска од 13:30 часот со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Столтенбергова и потегот од Министерството за земјоделство до „Маракана“ во Центар.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности за санирање на дефектот.