Skip to main content
Македонија

Во тек акција на МВР за сузбивање на трговија со дрога и оружје

17/10/2026  12:39

Министерството за внатрешни работи спроведува координирана полициска акција на територијата на целата држава, насочена кон сузбивање на криминал поврзан со дрога и оружје.

Од МВР инфиормираа дека акцијата ја реализира Одделот за криминалистичка полиција во содејство со секторите за внатрешни работи низ државата.

Од Министерството посочуваат дека по завршувањето на акцијата ќе бидат соопштени повеќе детали и информации за преземените активности и резултатите од полициското постапување.