На 14.02.2019 година во 18.00 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.Г.(47) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16.50 часот во двор на основно училиште на улица “Горно Лисиче“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.