Search

Бесплатна психолошка помош за настраданите, за нивните семејства и за спасувачите

Настраданите во трагичната несреќа на автобусот од Гостивар, нивните семејства и учесниците во спасувањето ќе добијат можност за бесплатна психолошка помош од лиценцирани психолози.

Помошта ја обезбедија Комората на психолози во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

„Психолозите – лиценцираните членови на Комората на психолози ќе отворат психолошки советувалишта во Гостивар и во Скопје“, соопштија од Комората.

Во несреќата која се случи во средата попладне загинаа 14 патници, кога од патот излета автобус кој одел кон Гостивар со 51 патник. 37 од патниците се уште се во болница, а седуммина се во критична состојба.

Треба да знаете
Последни објави