Skip to main content
Хроника

Работник тешко повреден во Петровец

16/10/2026  13:58

На 15.10.2026 во 07:30 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски” е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.А.(44) од с.Петровец, општина Петровец.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на Гази Баба. Полициски службеници од СВР Скопје извршија увид на местото.