Мотциклист бил тешко повреден кога со моторот што го управувал излетал од патот и се превртел, вчера во близина на Прилеп, инфомрира МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 11.50 часот на патот од селото Големо Радобил – Прилеп.
Д.Д.(24) од село Големо Радобил управувајќи мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Од падот мотоциклистот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.