Скопјанка и 14-годишно дете биле каснати од кучиња-скитници, вчера и завчера во Скопје.
Според полицијата, А.Г.(29) вчера пријавила во ПС Центар дека истиот ден околу 9.30 часот на улицата Кеј 13-Ноември била касната од куче-скитник во левата потколеница.
Скопјанецот Ј.Н. (37) дента во 14 часот во ПС Центар пријавил дека претходниот ден околу 16 часот на улицата Капиштец неговиот 14-годишен син бил каснат од куче скитник во левата надколеница.