Search

„Никоб“: Обврската на вработените е да обезбедуваат, а не да напаѓаат новинари

Националната агенција за обезбедување „Никоб“ и годинава традиционално ја обезбедуваше манифестацијата на положување на Светиот Крст во водите на Вардар. За чествувањето на еден од најголемите христијански празници Богојавление-Водици, нашата агенција се погрижи со 30 обезбедувачи, за манифестацијата да мине во најдобар ред, соопшти агенцијата.

„Но, одреден медиум јавува дека на чествувањето на христијанскиот празник дошло до немил инцидент и напад на новинар кој известувал за настанот. За жал, медиумот искажа јавно незадоволство и упати обвиненија за непрофесионално однесување на вработени во агенцијата.

„Никоб“ обезбедување, како и минатите години хуманитарно се погрижи за безбедноста а за време на одржување на манифестацијата се придржуваше на утврдениот протокол од страна на организаторот. За успешно завршеното обезбедување на манифестацијата од страна на организаторот ни беше искажана благодарност и честитки“ се додава во соопштението.

За настанот „Никоб“ обезбедување потенцира дека обезбедувачите строго се придржуваа кон задачите, одредениот план за движење и дека обврската на вработените е да обезбедуваат, а не да напаѓаат новинари поради што искрено жалиме што медиумот и новинарот сакаат да му дадат таква конотација на нашиот труд, додаваат од агенцијата за обезбедување „Никоб“.

Треба да знаете
Последни објави