Skip to main content
Хроника

Уапсен е напаѓачот кај Транспортен за кој се пишуваше на социјалните мрежи

09/12/2024  12:17

Вчера во 06.15 часот во с.Кучевиште, скопско, полициски службеници од Единицата за интерветна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.П.(26) од с.Кучевиште, скопско.

Тој се сомничи дека во текот на 2024 година во околината на Транспортен центар во Скопје извршил повеќе кривични дела дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ на дрзок начин и за него на социјални мрежи пишуваа граѓаните.

Тој бил задржан во Полициската станица Аеродром и во консултација со јавен обвинител против е него е поднесена кривична пријава по брза постапка.