Стадионот Хенингсвер во истоименото норвешкото село со околу 500 жители е опкружен со остри врвови и магична природа, па многумина го сметаат за најубавиот фудбалски стадион во светот.
Групата на острови Лофоти дури во 2007 година беше поврзана со мостови со остатокот од копното и без оглед на големата оддалеченост на нивните природни убавини, островите се вклучени во листата на места кои мора да ги видите барем еднаш во својот живот.
Покрај благата клима и зимските температури околу нулата, љубителите на фудбал сонуваат да ги посетат Лофотите поради фасцинантниот стадион Хенингсвер, каде тренираат членовите на аматерскиот фудбалски клуб Хенингсвер ИЛ и деца.
Карпестите острови на кои се наоѓа стадионот ги опкружуваат остри врвови, а околу игралиштето има еден тесен асфалтиран пат. И самото село восхитува поради убавата архитектура, малите дрвени колиби и уметничките галерии.