Search

Утре ден на жалост во Охрид

Утре ден на жалост во Охрид

Советот на општина Охрид на денешната вонредна седница свикана по повод ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски едногласно донесе одлука утрешниот ден (17 декември) да биде прогласеен за ден на жалост на територијата на општината.

Согласно одлуката, за утре се откажуават сите закажани манифестации од културно забавен карактер.

Комеморативната седница за Стојаноски ќе се одржи утре во 10 часот, во Големата општинска сала, по што во 14 часот на Градските гробишта во Охрид ќе се одржи погребот.

Градоначалникот на Охрид проф.д-р. Јован Стојаноски почина вчера изутрина, во возила на службата за итна медицинска помош, на пат кон Центарот за кадриоваскуларни болести.

Стојаноски беше професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а градоначалничката функција ја вршеше од 20 октомври минатата година, по победата во првиот круг од Локалните избори.

Стојаноски, роден на 7 август 1970 година во Охрид, беше оженат и татко на две деца.

Треба да знаете
Последни објави