Итна истрага: Зошто авионот на канцеларката Меркел се расипа?

Во тек е проверка дали станува збор за технички проблеми на авионот со кој германската канцеларка Ангела Меркел требаше да оди на самитот на Г-20 во Аргентина, и дали можеби се со некаква криминална позадина.

Според германските медиуми кои се повикуваат на безбедносни извори, инспекторите проверуваат дали инцидентот со авионот, што се случи доцна синоќа, има „криминална позадина”. Други пак извори за медиумите велат дека истрагата за овој случај ќе биде насочена во сите правци.

Во исто време, германски „Шпигл” пишува дека до проблемот дошло во целиот комуникациски систем на владин авион, што доведе до итна вонредна состојба, која, како што е наведено, екипажот морал да слета со користење на сателитски телефон.

Владиниот авионот „Ербас А340″, со кој на канцеларката, Ангела Меркел и министерот за финансии, Олаф Шолц требаше да одат во Аргентина, беше принуден да слета на аеродромот во Келн.

Меркел и Шолц својот пат кон Буенос Аирес го продолжија рано утрово, но ќе стигнат таму откако лидерите на Г-20 веќе ќе ги започнат разговорите.

Во германското издание на „Хафингтон пост” синоќа беше објавено дека авионот на Меркел, која тргнал на 15-часовен лет кон аргентинската престолнина, принудно слетал во Келн, и тоа по откажување на некои електронски системи.

Весникот „Ди Велт”, пак, објави дека одлуката за вртење и враќање на авионот „Ербас А340″, е направена по еден час лет.

Службите за итни случаи во Келн беа известени навреме и го чекаа авионот на пистата по слетувањето.

Треба да знаете
Последни објави