Пет грешки поради кои уште сте сами

Сè повеќе мажи и жени се сами, се жалат дека никако да им тргне во љубовта и би сакале да имаат партнер покрај себе. На што се должи ова?

Стручњакот за врски ,објаснува кои се најчестите причини зошто луѓето се сами и како да го промените тоа.

На состанок се однесувате како на интервју за работа

Доколку на состанокот нема флерт, потенцијалните партнери се чувствуваат како да се на интервју за работа. Додека вие го испрашувате каде живее, со кого живее, што работи, колку и како, тој се прашува зошто го испрашувате веќе два часа. Не му е јасно ни зошто на прв состанок го прашувате дали сака деца и колку деца сака да има.

Многумина на првиот состанок се однесуваат баш вака, а после се шрашуваат зошто и понатаму се сами. Затоа што ги испрашуваат потенцијалните партнери, мислејќи дека на тој начин ќе ги „отпишат” оние кои не им одговараат.

Состанокот не е разговор за работа. Тоа е прилика да флертувате, да се забавувате, да бидете секси. Сите овие прашања кои ги поставувате нема да ве одведат до втор состанок, а камоли до врска. Малку трпение.

Се натпреварувате со потенцијалниот партнер

Сосема е различно кога на работа се натпреварувате со колегите кој е поуспешен, а сосема е различно кога се обидувате ова да го правите на состанок. Навистина не е битно кој повеќе заработува и кој е поуспешен, па избегнувајте такви теми, доколки не сакате да останете сами. Секој сака да се чувствува посакувано, и во емоцинална и во скесуална смисла, па затоа дозволете си и себе си и на потенцијалниот партнер да се чувствувате баш така.

Заборавате да флертувате

На состанок, треба да флертувате. Точка. Освен доколку не тој состанок не сте сфатиле дека не сакате ништо со таа личност, треба да флертувате. Гледајте се во очи, смејте се, дајте комплимент, кажете нешто забавно…. Во спротивно, вашиот потенцијален партнер ќе се чувствува како да е излезен со пријател.

Нема телесен контакт

Не, не советуваме да му „скокнете” уште на првиот состанок, туку да направите лесен контакт со допир по рака или по рамо, на суптилен начин кој покажува дека сте заинтересирани.

Не давате никакви сигнали

Би сакале повторно да се видите на состанок? Дајте му некој знак дека сте заинтересирани. Доколку постои интерес и од другата страна, поголеми се шансите дека ќе ве покани повторно да излезете.

Доколку редовно излегувате со потенцијални партнери на прв состанок, а не стигнувате до втор, дефинитивно би требало да размислите дали правите некои од овие грешки и да се потрудите да ги исправите.

Треба да знаете
Последни објави