Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски ќе престојува во работна посета на Брисел

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, на 27 и 28 ноември 2018 година, ќе престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на работната посета, тој ќе оствари повеќе средби со претставници на институциите на ЕУ, со европратеници, како и со известителот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл. Заменик министерот Жерновски ќе присуствува на пленарната сесија на Европскиот парламент на која ќе се усвојува Резолуцијата за напредокот на Република Македонија за 2018 г. ЗМНР Жерновски ќе учествува на пленарни средби и во седиштето на НАТО, на кои со високи претставници ќе се разговара за текот и динамиката на пристапните разговори во врска со нашето зачленување во Северно-атлантската Алијанса.

Треба да знаете
Последни објави