Кфор: Не знаеме каде се однесени уапсените на Косово

Виченцо Грасо, портпарол на Кфор, изјавил дека Кфор е известен дека четири лица се уапсени на Косово, но дека нема точна информација каде се наоѓаат тие.

Косовската полиција уапсила неколку лица во врска со убиството на Оливер Ивановиќ. Известени сме дека се уапсени четири лица, и не сум сигурен каде се наоѓаат сега, но сигурен сум дека се во полиција и дека ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, рекол Грасо за телевизијата „Прва“.

Запрашан дали знаел што се случувало и се подготвувало на Косово, тој одговорил:

„Знаевме дека е една полициска акција, а вчера немаше никакви трупи, ниту планирани акции, ниту какви било налози. Вчера знаевме нешто но не можам да кажам детално“.

Во меѓувреме српската Влада одржа вонредна седница поради упадот на специјалната косовска полиција РОСУ на северот на Косово. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од утринава има состаноци со шефовите на Војската и на полицијата. Премиерката Ана Брнабиќ ги откажала сите најавени активности. По вонредната седница никој не дал изјави за медиумите.

Припадници на РОСУ рано утрово во северниот дел на Косовска Митровица уапсила четири лица и тоа Драгиша Марковиќ, припадник на Косовската полициска служба (КПС) со спрско потекло, а кој работел на случајот на убиството на Ивановиќ, потоа Саша Чуркиќ, Марко Рашиќ и Недељко Спасојевиќ, исто припадник на КПС. Според РТС, тие се одведени во полициска станица во Јужна Мировица.

Градоначалникот на северна Косовска Митровица, Горан Ракиќ, ги повика граѓаните кои се собираат на плоштадот на воздржаност.

Ивановиќ беше убиен на 16 јануари годинава, пред седиштето на политичката партија „Слобода, демократија, правда“, на чиешто чело беше тој. Извршителите на убиството сè уште не се фатени.

Треба да знаете
Последни објави