Search

Експлозија и голем пожар во Лондон

Во гаража за автобуси во југоисточниот дел на Лондон рано утрово избувна пожар. Во гасењето на пожерот во кој горат автобуси ангажирани се околу 60-тина пожарникари.

Лондонската противпожарна служба објави дека се изгорени 11 автобуси. Пожарникарите со помош на осум противпожарни возила се обидуваат да стават крај на огнената стихија.

Досега нема извештаи за повредени од пожарот.Британските медиуми објавија дека жителите слушнале експлозии пред зори и дека пожарната служба ја повикале граѓаните кои живеат во областа каде избувнал пожарот.

Треба да знаете
Последни објави