Skip to main content
Свет

Финска стопира изградба на дата центри на Гугл

07/10/2026  15:45

Властите во Финска го забранија процесот на изградба на два дата центри на Гугл затоа што не се извршени потребни испиттувања на влијанието врз животната средина.

Во септември, американскиот технолошки гигант објави инвестиција од 13 милијарди евра во дигитална инфраструктура во Финска, наменета за развој на вештачка интелигенција. Компанијата го опиша проектот како своја најголема инвестиција во Европа.

Финската агенција за надзор (LVV) објави дека побарала од компанијата Tuike Finland, која го претставува Гугл, „веднаш, а најдоцна до 23 октомври 2026 година, да ги прекине сите подготвителни активности што значително би ја промениле животната средина“. Барањето се однесува на планираните проекти за центри за податоци во Мухос и Кајаани.

Агенцијата истражува дали Tуике Финска уништила стотици хектари шума на тие локации без претходно да спроведе проценка за влијанието врз животната средина. Претседателката на Финското здружение за заштита на природата, Хана Халминпа, изјави дека во обесшумената површина од повеќе од 300 хектари, биле исечени „природни места што требало да бидат зачувани“.

„Туике Финска“ мора да достави изјава и детален план за понатамошни чекори до 14 октомври. Доколку компанијата не го стори тоа, агенцијата најави можност за започнување постапка за присилно извршување.

Портпаролот на „Гугл“, Сондре Ронандер, ги призна пропустите на компанијата.

„Ја разбираме загриженоста и во овој случај не ги исполнивме нашите високи стандарди. Ќе ги проучиме наодите на агенцијата LVV и ќе дејствуваме според нивните упатства“, изјави тој.