
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С.(39) од Турција, со престој во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”. На почетокот на јануари 2026 година, тој измамил 59-годишник од Тетово за сума од 3.000 евра.

Имено, во продажен објект во Тетово, тој се договорил со пријавениот да купи стока и како аванс му ги дал парите, а остатокот требало да го плати откако ќе му биде испорачана стоката. Но, пријавениот ниту ја направил испораката, ниту ги вратил парите.

