Search

Жена тешко повредена во сообраќајна несреќа во Битола

Четириесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер на улица Партизанска во Битола.

Според информациите на МВР, во несреќата учествувале „мерцедес“ со ресенски регистерски таблички управувано од К.С.(42) од Ресен и „фолксваген голф“ со битолски регистерски таблички управувано од Н.О.А.(54) од Битола.

Во незгодата К.С. се здобила со тешки телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Битола каде ѝ била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истата била префрлена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави