
Град Скопје започна со уривање и отстранување на тезгите на Бит-пазар, со што почнува да се менува досегашниот изглед на еден од најстарите и најпрепознатливи пазари во главниот град.
Градските служби се на терен, а веќе се отстрануваат дел од тезгите кои со години беа дел од препознатливата слика на овој дел од Скопје.
„Тезгите на Бит-пазар одат во историјата“, коментираат скопјани, реагирајќи на активностите што се одвиваат на терен.
Со отстранувањето на тезгите се менува ликот на просторот околу Бит-пазар, место низ кое секојдневно поминуваат илјадници граѓани.

За деталите околу активностите, како и за плановите и идниот изглед на просторот, се очекуваат дополнителни информации од Град Скопје.

