Претепан маж пред ТЦ Скопјанка, итно пренесен во Болница
М.К. (53) од Тетово вчера во 23:40 часот во Полициската станица Аеродром пријавил дека дента околу 23:00 часот пред казино во Трговски центар „Скопјанка“ физички бил нападнат од неколку непознати лица.
Од нападот М.К. се здобил со повреди и бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.