Чавков по втор пат излезе од Шутка

Чавков по втор пат излезе од Шутка

Одлуката на Кривичен од пред два дена попладнево ја потврди и Апелација, решението стана правосилно, и Чавков го напушти затоврот во Шутка. Со ваквата одлука на апелацискиот суд екс министерот за внатрешни работи ќе се брани од слобода. Иако Обвинителството се жалеше Апелација сепак ја потврди ваквата одлука.

Пречекан од неговата ќерка Зорица, пораншениот директор на бирото за јавна безбедност по втор пат излезе од притвор, а како гаранција дека нема да побегне Чавков го приложил недвижниот имот во вредност од 600 000 евра, кој Кривичниот совет го прифати. Наместо притвор тој останува без пасошот, а за да го докаже присуството мора да се пријавува во судот еднаш неделно.

Пред еден месец на Чавков мерката притвор му беше заменета со домашен притвор и тоа траеше само неколку часа, бидејќи не ја испочитувал мерката домашен притвор, па Чавков го напушти притворското одделение во понеделникот на 30 ти март , а веќе следниот ден во неговиот дом во скопски Центар никој не им отворил на полицајците кои проверувале дали е дома, па Кривичен го врати во притвор во Шутка.

Чавков речиси пет месеци помина во притворското одделение во Шутка. Тој е еден од 30темина обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Митко Чавков како директор на БЈБ, а на 27ми април бил и шеф на оперативниот штаб со златна команда се товари дека тој и неговите двајца началници Митко Пешов и Душко Лазаров не издале наредби за распоредување на дополнителни полициски сили за надворешно и внатрешно обезбедување на Собранието и овозможиле толпата непречено да влезе внатре за да се оствари целта на насилниот упад.

Треба да знаете
Последни објави