Во сообраќајка тешко повреден сопатникот

Во сообраќајка тешко повреден сопатникот

На 21 јанауари во 3 часот на локалниот пат с.Мраморани – с.Дупјачани во Прилепско, се случила сообраќајна незгода во која е тешко повреден сопатникот.

Дваесет и едногодишниот Д.П од Велес управувајќи автомобил сеат ибица, со велешки регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна од коловозот, по што се превртел.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.П.(20) од Велес, кој со возило на итна медицинска помош е пренесен во Општа болница-Прилеп, каде е задржан на лекување. 

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави