Search

Тркалезна маса „Алтертнатива на и за НАТО“

Тркалезна маса „Алтертнатива на и за НАТО“

Научна тркалезна маса „Алтернативи на и за НАТО: интеграција на Република Македонија, политичка реалност, идни решенија и можности“ ќе се одржи денеска на Факултетот за безбедност во рамки на Дипломатскиот форум.

На темата ќе говорат националниот координатор за подготовка на РМ за членство во НАТО, Стево Пендаровски, Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност, Ризван Сулејмани од Универзитет „Мајка Тереза”- Скопје и словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш.

Претходно поздравно и воведно обраќање ќе имаат деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски и раководителот на Дипломатскиот форум на Факултетот Жидас Даскаловски.

Учесниците ќе дискутираат за тоа дали и натаму членството на Република Македонија во НАТО треба да остане стратегиски приоритет на надворешна и безбедносна политика и кои би биле безбедносните ризици и закани по безбедноста во состојба на недобивање на покана за членство и напуштање на евроатланските интеграции како приоритет во надворешно безбедносната политика на земјава.

На дебатата во рамки на Дипломатскиот форум ќе присуствуваат студенти, членови на академската заедница, претставниците на граѓанскиот сектор и медиуми.

Треба да знаете
Последни објави