Приведен Јане Ченто, еден од осомничените за 27 април

Приведен Јане Ченто, еден од осомничените за 27 април

Утринава, нешто пред 10 часот повторно е приведен Јане Ченто, внук на Методија Андонов Ченто, од неговиот дом каде на 21. февруари беше префрлен во куќен притвор согласно одлуката на Апелација.

Пред куќата на Ченто имало силно полициско присуство, а полицајците не дале никакво образложение.

Ченто ќе биде префрлен во истражниот затвор „Шутка“.

Се очекува Кривичниот суд да даде официјална информација за повторното приведување.

Според обвинението, на 27 април Ченто добил повик од Александар Василевски – Нинџа веднаш по повикот од Виена и заедно со обвинетите Игор Југ, Маден Додевски, Захарие Симовски, Михаил Младеновски и Дејан Давидовски го мобилизирале членството за да влезат во Собранието.

 

Треба да знаете
Последни објави