Притвор за велешанецот кој со нож нападна сограѓанин

На велешанецот Ж.Л.(25) што со нож го нападна сограѓанинот М.Д.(27) му е одреден 30 дневен притвор, информираше Основното јавно обвинителство. Надлежен јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело убиство во обид, како и загрозување на сигурноста.

– Осомничениот во неделата околу 20.30 часот на регионалниот пат Велес-Штип, на место викано Штипска петла, во дворот на свињарската фарма со умисла се обидел да лиши од живот едно лице. Осомничениот во состојба на пијанство во која самиот се довел со количина на алкохол во крв од 2 промили, во моментот кога во објектот дошол оштетениот на истиот му се обратил со повеќе пцости упатени до него и неговото семејство. Потоа осомничениот извадил нож и со него на оштетениот му нанел неколку убоди нанесувајќи му со тоа телесна повреда. Потоа зел од објектот една секира и со истата се упатил кон останатите присутни заканувајќи им се дека ќе ги убие, со што ја загрозил сигурноста на оштетените-велат од обвинителството.

По преземени мерки, од страна на полициски службеници, Ж.Л. бил приведен и задржан во велешката полиција, додека М.Д. бил пренесен во Медицински центар Велес, од каде бил пуштен на домашно лекување.

Според ОЈО, поради околностите кои укажуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело, до Судијата на претходна постапка на Основен суд Велес е поднесен предлог за определување на притвор против осомничениот, кој е прифатен и му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Треба да знаете
Последни објави