
Во недела (27.09.2026), во Општина Илинден ќе се одржи првата улична атлетска трка „ILINDEN LIFE RUN“, спортски настан посветен на промоција на спортот, рекреацијата и здравите животни навики.
Стартот и финишот на трките ќе бидат пред Домот на културата „Илинден“, а учесниците ќе трчаат по обезбедена и означена патека низ населените места Илинден, Марино и Кадино.
Програмата започнува во 08:00 часот со трката на 5 километри, во 09:00 часот се стартовите на 10 километри и штафетата 2×5 километри, додека во 10:00 часот се предвидени детските трки на 100, 200, 400 и 600 метри, а за најуспешните учесници и екипи се предвидени пехари и медали.
Поради одржувањето на трката ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим, оттука, Општина Илинден ги повикува граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и насоките на службените лица.

Како покровител на овој настан, Општина Илинден уште еднаш ја истакнува својата заложба за поддршка на спортските настани кои имаат за цел да ги поттикнат и промовираат спортот, рекреацијата и здравите животни навики.


