Skip to main content
Македонија

Вечерва земјотрес во Македонија

24/09/2026  22:46

Земјотрес со магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во југозападниот дел на Македонија.

Според првичните податоци, потресот се случил во 22:18 часот по локално време, а епицентарот бил лоциран на околу 11 километри југозападно од Битола.

Земјотресот бил на релативно мала длабочина од околу шест километри.

Потресот бил почувствуван од жители на Битола и околните населени места, како и во пограничниот регион.

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.