Skip to main content
Спорт

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс

24/09/2026  18:04

Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да избори финале на Европското првенство во бокс во Софија.

Тој во денешната полуфинална борба загуби на поени со 4:1 од Украинецот Аидер Абдураимов.

За Рустемовски ова е секако голем резултат бидејќи веќе испиша историја со пласман во полуфиналето бидејќи обезбеди бронзен медал.

Ова е негов најдобар резултат во кариерата, откако пред еден месец освои бронзен медал и на Медитеранските игри во Таранто.