Skip to main content
Свет

Етна повторно исфрла пепел

24/09/2026  17:06

Вулканот Етна денеска е повторно активен и исфрли пепел во висина од околу четири километри.

Италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија издаде највисок степен на предупредување за авијацијата.

Но, и покрај предупредувањето засега не е затворен меѓународниот аеродром во Катанија. Поради активноста на Етна аеродромот во Катанија и овој и минатиот месец беше затворен за авиосообраќај.

Етна, со висина од околу 3.300 метри е најголем активен вулкан во континентална Европа.