Skip to main content
Хроника

Повредени малолетнички при пад од електричен тротинет

23/09/2026  13:54

На 22.09.2026 во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во дворно место на куќа, сопственост на Б.А. во Гостивар, 16-годишна малолетничка од Гостивар управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала.

Од падот со тешки телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Гостивар, додека со телесни повреди 16-годишната малолетничка, констатирани во болницата во Гостивар.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.