
На 18.09.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 20:55 часот, на крстосница од улиците „Љубљанска” и „Костурска” во Велес, патничко возило „поло” со велешки регистарски ознаки, управувано од 50-годишната Б.И. од Велес, удрило во 14-годишен малолетник.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

