
На 18.09.2026 во 21:35 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода С.С. (39) и Е.Ш. (26), двајцата од Куманово.
Тие се сомничат дека на 04.09.2026 со употреба на сила влегле во деловен објект на улицата „Доне Божинов“ во Куманово и одзеле пари. С.С. и Е.Ш. се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави


