Skip to main content
Хроника

Уапсен маж од струшко поради предизвикување пожар

19/09/2026  13:08

На 18.09.2026 во 07:45 часот, полициски службеници од ОВР Струга во струшкото село  Враништа, од слобода го лишија Љ.М.(60) од истото село, кој се сомничи дека на 16.09.2026 во 12:30 часот, предизвикал пожар на сува трева и стрниште на отворен простор во атарот на селото Враништа.

Во пожарот, нема повредени лица, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. По целосно документирање на настанот, против Љ.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.