
„ТАВ Македонија“ ја повлече одлуката со која бесплатниот пристап на едно возило беше ограничен на еден влез во зоната Hug & Fly на Меѓународниот аеродром „Скопје“ во период од 24 часа.

Одлуката на „ТАВ Македонија“ доаѓа откако комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата во рамките на анализата на условите и режимот за користење на зоната Hug & Fly на Меѓународниот аеродром „Скопје“ од „ТАВ Македонија“ побарала дополнителни појаснувања и релевантни податоци во врска со воведеното ограничување на бесплатниот пристап.
– По доставеното барање, „ТАВ Македонија“ ја извести Комисијата дека ја повлече одлуката со која бесплатниот пристап на едно возило беше ограничен на еден влез во период од 24 часа. Комисијата ја поздравува одлуката на „ТАВ Македонија“ за повлекување на мерката и ќе продолжи да ја следи состојбата и условите за пристап до аеродромската инфраструктура, особено од аспект на обезбедување еднакви и недискриминаторски услови за сите учесници на пазарот – информираат од комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Комисијата, велат од таму, останува посветена на заштитата на конкуренцијата и ќе продолжи да постапува во рамките на своите законски надлежности секогаш кога постои можност одредени услови или мерки да имаат влијание врз конкуренцијата и интересите на граѓаните.


