Skip to main content
Македонија

Д-р Тасевски во подкаст ЗРАК: ПЕТ Скенот е важна дијагностичка алатка која утврдува дали канцерот метастазирал

08/12/2024  22:10

Специјалист д-р Славко Тасевски од Универзитетскиот институт за позитронска емисиона томографија ПЕТ Скен во најновата епизода подкастот ЗРАК со Д-р Марина зборуваше за важноста од точно и навремено дијагностицирање на канцерот. 

Особено важно е додава тој, навреме да се утврди дали канцерот е присутен само на едно место или тој во меѓувреме метастазирал низ телото.

Во однос на подготовката, Тасевски вели дека како и кај другите видови испитувања и за ПЕТ Скенот се потребни претходни подготовки.

„Пред снимањето, пациентите треба да бидат гладни помеѓу четири и шест часа пред да дојдат кај нас, треба да бидат само на вода, како и избегнување физички активност тој ден кога ќе се прави ПЕТ Скенот. Средството што го аплицираме кај пациентите е безбедно и не носи никакви несакани ефекти“ посочи д-р Тасевски.