
Соопштение за јавност на СДСМ:
Во Неготинско и во целата Тиквешија деновиве се случува вистинска катастрофа.
Нема откуп на грозје. Вранецот не се откупува. Грозјето скапува по лозјата, лозарите се беспомошни.
Оставени сами, без никаква поддршка од власта, соочени со огромни трошоци, а без откуп – дел од нив веќе почнаа да ги сечат и копачат лозовите насади.
Жално е да се гледа како нешто во што вложиле и финансии и труд – да пропаѓа.
Уште потажно е да го уништуваш она што си го градел со години.
Ова не е само проблем на една реколта. Ова е сериозна закана за иднината на лозарството во Неготинско и Тиквешијата.
Каде е Владата на ВМРО? Каде е министерот за земјоделство?
Има ли Неготино пратеник од редовите на ВМРО или денес, кога на лозарите им е најпотребен, неговиот глас не се слуша?
Добро се сеќаваме и лозарите памтат кога ВМРО беше во опозиција, како пратеникот, Пенков, снимаше видеа и жестоко ги напаѓаше тогашните политики кон лозарите.
Тогаш имаше камери, се правеа видеа, се слушаа критики.
А денес, кога грозјето скапува на лозјата и лозарите ги напуштаат лозовите насади – молчат, никаде ги нема да помогнат на било каков начин.
Лозарите не бараат милостина. Бараат фер цена, сигурен откуп и држава која ќе застане зад нив да се почуствуваат сигурни и да им се цени трудот..
Оваа Влада предводена од ВМРО ОКГ го понижија не само трудот на секој лозар, туку на сите земјоделци.
Наместо пари за субвенции, за интеврентни мерки во овие услови на енормно зголемени трошоци, власта потроши 5 милиони евра народни пари на забави, пејачи и диџеи.
На лозарите не им е до забава, има треба помош. Не може да има пари за музика и светла, а да нема пари за лозарот кој цела година работел а денес гледа како неговиот род пропаѓа.
СДСМ и во минатото покажа дека во време криза државата може и мора да интервенира со конкретна поддршка за лозарите. И сега повторно покажа што значи вистинска грижа за лозарите и за сите земјоделци.
Пратеничката група на СДСМ предложија конкретни решенија: зголемување на откупната цена за 5 денари по килограм, укинување на 8-процентниот попуст што се бара за побрза исплата и интервентен откуп од страна државата на црното грозје кое ќе остане непродадено.
Тоа се конкретни мерки, а не празни ветувања.
Бараме Владата веднаш да реагира. Да обезбеди откуп. Да го заштити лозарот!

Лозарството не смее да биде жртва на неспособноста и погрешните приоритети на оваа Влада.

